Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ИМА СНИМКА ОД МОЌНИКОТ! Обвинителството ќе покрене истрага за силувањето на глумицата

Надлежното обвинителство ќе формира случај и ќе покрене истрага за силувањето на актерката Даниела Штајнфелд (36), јавуваат медиумите.

Даниела направила страшна исповед во нејзиниот документарен филм „Исцели ме“, кој премиерно се претстави на 26-тиот Сараевски филмски фестивал, а заради тоа што се случи, таа, наводно, ја напуштила Србија.

Според сознанијата, а нешто слично може да се наслути од делови од филмот, Даниела тајно снимила разговор со моќниот маж кој ја силувал, а тоа би можело да биде крунски доказ доколку има судење.

Иако медиумите официјално не добија одговори од обвинителството, неофицијално се знае дека тврдењето на актерката и сè што се појавило во медиумите и нејзиниот филм е доволно за обвинителството да постапи и да побара прибирање на потребни информации по службена должност.

„Полицијата мора да спроведе истрага по наредба на обвинителството. Како прво, секако, тој мора да има разговор со актерката која тврди дека била жртва на силување. Понатаму ќе бидат побарани дополнителни докази, како на пример дали таа повикала лекарк за помош, на кого се доверила и слично“, наведува изворот, пренесува Kurir.rs.

„Залечи ме“ е документарен филм за последиците кои ги трпат жртвите и сторителите на сексуално насилство, засновано врз интимните сведоштва на преживеаните од сексуален напад. Филмот ги комбинира сведочењата на преживеаните од сексуален напад и секвенци од нивните подоцнежни животи, поставувајќи го прашањето што може да се смета за закрепнување.

Актерката откри дека е силувана и дека зад тоа стои „моќен човек од филмската индустрија“. Таа изјави дека сè се случило пред четири и пол години, по што ја напуштила Србија и се преселила во Америка. Таа не го откри идентитетот на насилникот.

Откако талентираната актерка направи исповед за силувањето, бројни актерки, нејзини колеги, и дадоа поддршка и ја поканија јавно да го каже името и презимето на насилникот. Штајнфелд имаше улоги во неколку важни филмски и серијални проекти, меѓу кои најзначајни се филмот „Славата на Ивко“ и серијалот „Штрковите ќе се вратат“.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...