Речиси 30 лица биле заразени во кафетерија на Старбакс, северно од Сеул откако се испоставило дека жена позитивна на коронавирусот го посетила овој објект и ја пренела болеста на останатите.
Единствени кои не биле заразени се четворицата вработени само затоа што носеле маски.
Враќањето на коронавирусот во јужнокорејскиот град Пају на 8 август е добар пример за тоа колку лесно вирусот „Ковид-19“ се шири во затворен простор. Додека светот сè уште расправа дали маските се ефикасни, тамошните лекари велат дека тоа не е во прашање.
– Оваа ситуација во Старбакс зборува многу за улогата на маските во заштитата од коронавирус. Можеби не штитат 100%, но во моментов нема ништо поефикасно – вели докторката Ма Санг Хјук.
За потсетување, повеќе од 23 милиони луѓе се заразени со овој вирус ширум светот, кој однесе најмалку 810.000 животи. Носењето маски е задолжително речиси во секоја земја, кога станува збор за секој затворен простор: почнувајќи од јавниот превоз до услужните објекти.
– Случајот со Старбакс е еден од најважните за проучување на факторите на ризик кај повеќе или помалку контролирана група на луѓе – вели Арнолд Босман, директор на холандската компанија „Трансмисибили БВ“.
