Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Д-р Пановски: Задоцнетиот почеток на учебната година Е ПОРАДИ НЕПОДГОТВЕНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Пановски смета и дека наставата со физичко присуство согласно здравствените протоколи, ќе се одвива отежнато.

Неподготвеноста на надлежните институции е главната причина поради која децата наместо на 1. септември во училишните клупи ќе седнат еден месец подоцна, вели докторот Никола Пановски за Сител.

За него, денешната владина одлука,  училиштата да се отворат од 1. октомври е погрешна. Тој останува на ставот дека децата со настава требале да почнат уште овој месец, бидејќи се уште е топло и можат да се проветруваат училниците или пак да учат на отворено.

Тој апелира децата, особено тинејџерите да се воздржат од собирање во затворени простории кога ќе залади. Пановски смета и дека наставата со физичко присуство согласно здравствените протоколи, ќе се одвива отежнато.

Докторот вели и дека идните средношколци, се уште имаат време да се запознаат со своите наставници  на отворен простор или во големите училишни простории како што се фискултурните сали, со цел од октомври, подготвени да почнат со онлајн настава.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...

Македонија

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6...