Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Градот Берлин ги забранува протестите против рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19

Градот Берлин денеска забрани неколку протести насочени против мерките за борба против ширењето на коронавирусот, планирани за овој викенд.

Може да се очекува дека сегашните правила на борба против ширење на инфекцијата ќе бидат прекршени меѓу учесниците на протестот, се вели во образложението на Канцеларијата за јавни собири, која работи во рамките на внатрешнополитичкиот комитет на Сенатот на градот Берлин.

Во образложението понатаму се вели дека за време на слични протести на почетокот на месецот, имало огромни намерни прекршувања на мерките против ширењето на коронавирусот.

Сенаторот за внатрешни работи на Берлин , Андреас Гајсел, најави „одлучна интервенција“ од полицијата во случај на непочитување на забраната.

Не сум подготвен втор пат да дозволам Берлин да стане сцена за оние што го негираат коронавирусот, десничарските екстремисти и т.н. граѓани на Рајхот, наведе тој во денешното соопштение.

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Македонија

Еден од самопрогласените лидери на антинато и анти ЕУ движењата во Македонија, Љупчо Палевски, на социјалните мрежи излезе со поддршка на операцијата за напад...

Македонија

Празникот на  Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...