Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Вулин за подрршката на Тачи и Рама за Ѓукановиќ: ГИ ЦРТААТ ГРАНИЦИТЕ НА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин оценува дека кога премиерот на Албанија и „претседателот на Косово го поддржуваат Мило Вукановиќ и ДПС на парламентарните избори во Црна Гора, тогаш не е тајна дека ги цртаат границите на „Голема Албанија“ и дека се сметаат за господари на Црна Гора“, пренесува Н1.

Секоја поддршка мора да се заслужи, а во очите на Рама и Тачи нема поголеми заслуги од омразата кон Србите и Србија, наведе Вулин, пренесува Министерството за одбрана.

Со парола „Поздрав од Тирана, драги пријатели“, напишана на српски јазик и парола на црногорската Демократска партија на социјалистите „Одлучно за Црна Гора“, која ја повтори неколку пати, премиерот на Албанија Еди Рама преку видео порака ја поддржа партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ пред парламентарните избори во недела 30-ти август.

Претходно и претседателот на Косово, Хашим Тачи ги повика Албанците кои живеат во Црна Гора да гласаат на неделните избори за зајакнување на „евроатлантската ориентација на пријателската држава Црна Гора“.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...