Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

АМЕРИКА СПРЕМА ЛЕКЦИЈА ЗА ЕВРОПА – НА КОСОВО!

Средбата на делегациите на Белград и Приштина во Вашингтон на 4 септември е еден вид реванш на Америка кон Европа со порака дека САД остануваат неизбежен фактор за решавање на проблемите во овој дел од светот.

И токму затоа резултатот мора да биде звучен, пропратен со голема инвестиција, предвидува поранешниот министер за надворешни работи на СР Југославија, Владислав Јовановиќ.

Претходно договорената средба на 27 јуни беше минирана од  страна на ЕУ, а претстојната преместена е од 2 за 4 септември, со можност американскиот претседател Доналд Трамп да присуствува на истата. Како и да е, бидејќи Трамп е во изборната трка, тој нема долго време да го кова железото и треба брзо да даде некаков резултат. Неговиот посредник Ричард Гренел, потсетува Јовановиќ, започна од фактот дека економијата го поврзува некомпатибилното и затоа треба да се форсира таа област.

Америка подготвува лекција за Европа – на Косово

– Очекувам дека состанокот би можел да биде крунисан со некоја спектакуларна инвестиција, американска или  на нивните сојузници, што би делувало звучно за светот и би изгледало убаво за гласачите во Америка. Од друга страна, Европа ќе остане во позадина и уште еднаш ќе ја научи лекцијата дека работите на Балканот можат да започнат само со Америка – изјави за Спутник поранешниот министер.

Истакнувајќи дека се ова засега е само претпоставка, Јовановиќ посочува дека доколку се постигне договор во областа на економијата или инфраструктурата, Америка може да биде гарант за нејзиното спроведување. На пример, би било во интерес на САД подобро преку патната мрежа да го поврзат Јадранот со Црното Море.

Според него, конечното решение на политичките проблеми би се одложило за посреќно време, а соживотот на двете страни би бил прифатен како стабилно и трајно решение, што би било задоволително и за Србија. Ако Трамп победи на изборите во ноември, таквиот договор би можел да се искористи како поттик за натамошно американско посредување во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Приштина лошо игра шах

Историчарот и аналитичар за надворешна политика Саша Адамовиќ посочува дека не треба да се оптоварува со датуми и вештачки рокови, туку дека Србија треба пред сè и најважно да ги земе предвид сопствените интереси.

Тој ги отфрла шпекулациите дека Трамп би можел да го искористи состанокот на претставниците на Белград и Приштина за да постигне одредени поени за надворешната политика, затоа што, како што посочува, изборите во САД ќе ги реши економијата, и наведува дека Гренел и администрацијата на Трамп имаат прилично реален пристап кон косовското прашање.

– Гренел согледа дека овој проблем е нерешлив во овој момент и започна од најреалното, од можноста за економска и инфраструктурна соработка. Важен показател за нас е дека Брисел, Берлин ја дочекаа на нож иницијативата на Гренел- забележува Адамовиќ

Коментирајќи ја пораката на поранешниот американски амбасадор во Белград, Вилијам Монтгомери, дека би било добро Србија да ја искористи средбата како шанса пред Џо Бајден да влезе во Белата куќа, Адамовиќ вели дека тоа е еден вид притисок врз Србија.

– Не можеме да прифатиме сè што ни е понудено и не ги почитува нашите интереси, дури и ако тоа го нудат Гренел и Трамп – вели историчарот. Тој е убеден, дека не е можно да се присили признавањето на Косово од Србија и дека суштинскиот проект за независност на Приштина не успеал.

– Приштинската страна ја игра косовкста партија шах како да ја добила и чека конечен потег, но никако да го дочека. Ситуацијата на масата се смени во меѓувреме и кога некој ќе пропушти победнички потег и понатаму форсира дека е во позиција за победа, тој прави грешка и ја губи партијата. Честопати ни е кажано дека треба да ја прифатиме реалноста, а тоа е, наводно, независност на Косово, но треба да и кажеме на Приштина дека таа треба да ја прифати реалноста, а тоа е дека Србија никогаш нема да прифати независност на Косово. Тие забораваат дека ние сме доминантна страна во тој процес, затоа што и покрај тоа што Косово е признато од страна на некои големи сили, сепак е меѓународно непризнато- потенцира Адамовиќ.

Србија како Швајцарија на Балканот

Владислав Јовановиќ гледа уште еден важен адут за Србија во фактот дека главниот акцент на интересите на САД се префрли во Азија и односите со Кина, додека Балканот станува второстепен. Тој исто така предлага формула за тоа како трајно да се решат проблемите на Балканот во иднина:

– Ако победи на изборите, Трамп би можел да се концентрира геополитички на главниот противник, Кина и да ги неутрализира амбициите на Европа да се оддалечи од американското влијание. Еве ја нашата шанса. Трамп би можел да сфати дека нашата неутралност, особено ако е постојана би му ги решила грижите, а тоа е една Швајцарија на Балканот. Тоа не е невозможно да се постигне бидејќи ние имаме традиција на самостојност и неутралност.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...