5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Капитенот на Јунајтед се брани на Миконос: Двајца Албанци ја дрогираа мојата сестра

Хари Мегвајер засега ја избегна мерката затвор, откако беше приведен поради тепачка на грчкиот осторв Миконос. За време на судењето, грчката полиција сведочеше за инцидентот и за начинот на кој се однесувал капитенот на Манчестер Јунајтед.

Еден од полицајците изјави дека морал да побара медицинска помош, бидејќи Мегвајер се обидел да го повреди додека се обидувал да му стави лисиц. Вториот пак тврдел дека се здобил со повреди, откако бил силно удар од кој паднал на земја.„Знаете ли кој сум  јас? Јас сум капитен на Јунајтед. Јас сум многу богат, можам да ви дадам пари, ве молам пуштете ме“, откриваат полицајците.

Алексис Анагностакис, кој е задолжен за одбраната на капитенот на Јунајтед, негираше дека неговиот клиент се обидел да ги покупи полицајците. Тој откри дека хаосот настанал откако двајца Албанци се приближиле на неговата сестра Дејси, која се онесвестила откако успеале со инјекција да ја издрогираат.

Тој додал дека полицијаците го удриле по нога и му порачале дека неговата кариера е завршена.

За постетување, тој во Јунајтед дојде во 2019 година за 80 милиони фунти.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести