Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Џафери доби 5 потпретседатели, СЕКОЈ ПЛУС 20.000 ДЕНАРИ НА ПЛАТА И КАБИНЕТИ СО СЛУЖБЕНИЦИ

И покрај критиките од опозицијата за непотребен број заменици и дополнителен трошок, Талат Џафери, кој досега имаше четири, сега доби пет заменици на претседателот на Собранието.

Опозицијата оцени дека бројот од пет потпретседатели е преголем и не служи за рационализирање на финансиските трошоци во време на криза. Но, мнозинството во Собранието ја донесе одлуката.

И во претходниот собраниски состав имаше одлука за пет потпретседатели, но само четворица ја вршеа оваа функција, односно земаа надоместок плус за истата: Горан Мисовски, Фросина Ременски, Зекир Рамчиловиќ и Весел Мемети. Ниту еден од нив, освен Мисовски, не седна на претседателската фотелја за да го замени Џафери на пленарните седници.

Потпретседателите добиваат од 75.000 до 80.000 денари месечно, односно 15.000 до 20.000 денари повеќе од пратениците. Но, освен овој надоместок, треба да им се обезбедат кабинети и службеници, што значи дополнителни трошоци од буџетот на Собранието.

Од 2006 до 2016 година, Собранието на Република Македонија имаше по три потпретседатели, откако тој број беше намален оти и претходно имало меѓу четири и пет потпретседатели.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.