Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Филипче: Набавка на вакцина за имунизирање на 20 отсто од населението!

Апсолутно навремено ќе имаме пристап тогаш кога вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна. Набавка за имунизирање на 20 отсто од населението е нешто што засега се смета дека е некоја разумна количина, согласно со сегашните сознанија. Во таа група од 20 отсто од населението влегуваат постарите лица, хронично болните, децата итн. Има ризични групи кои се први за вакцинација, но секако ги следиме и новите сознанија и препораки.

Ова го истакнува министерот за здравство Венко Филипче во интервју за телевизијата Клан, во кое посочува дека набавката на вакцина против Ковид-19 за потребите на државава ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација, но и преку веќе добиената понуда од Полска, потребните количини за земјава да се набават преку механизмите на Европската Унија.

Тој истакнува дека се уште не се познати ниту количините, ниту како ќе се одвива распределбата по земји.

Во врска со вакцините против сезонски грип, тој вели дека годинава од вообичаената бројка од 28 илјади вакцини, се набавуваат 40.000 и плус 20.000 кои ќе се добијат од донација.

– Значи ќе имаме 60.000 вакцини, двојно повеќе од тоа што сме имале претходните години. Со оваа вакцина ќе бидат опфатени повеќе ризични групи кои сметаме дека треба да се вакцинираат, меѓу другото и здравствените работници кои ќе одлучат да ја примат, со оглед на тоа што не е задолжителна вакцина. Дали ќе има вкрстен имунитет со кој оваа вакцина ќе штити и од Ковид-19 тоа не го знаеме со сигурност. Вакцината штити сигурно, со оглед на тоа што е четири валентна, од претпоставените вируси на сезонски грип или може да се јави сосема лесна форма на болеста, но апсолутно е препорачлива за луѓе кои веќе имаат хронични болести. Освен ризичните групи кои вакцината за сезонски грип ќе ја добијат бесплатно, ќе има одредени колични и за комерцијална продажба, потенцира Филипче

најчитани вести

Македонија

Како што Заев се колнеше во „жицата македонска“, така и „жицата“ на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не издржа многу. Две ипол години по донесувањето...

Свет

Некои грешки во самостојниот третман на коронавирусот можат да му наштетат на организмот, па дури и да доведат до смрт, сподели лекарот и ТВ-презентер...

Свет

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во...

Свет

Многу промени ќе се случат, а Бил Гејтс на почетокот на оваа недела зборуваше за долгорочните последици од пандемијата врз нашите животи. За некои,...