Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Уште не се опраивме од концерот на Грашо, А СЕ СПРЕМА НОВ ВО ХЕРАКЛЕА, БИТОЛА!

Инспекторите кои контролирале дали на концертот на Петар Грашо во Битола се почитувале протоколите за заштита од коронавирус запишале дека записникот е предаден десет минути по полноќ, а всушност го направиле во 21 часот и 30 минути, по што си заминале и не биле присутни за време на концерот.

Ако ова се потврди, на одговорност ќе бидат повикани и тие. Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за Телевизија 24 вели дека внатрешната контрола ќе утврдува дали инспекторите ја прекршиле процедурата.

Откако инспекторите си заминале, просторот кај Хераклеа се исполнил до последно место и влегле околу две илјади луѓе, иако дозволено било присуство на само 600. Оваа информација организаторот ја објави и преки онлајн системот, каде што се продаваа влезниците.

Од организаторот на концертот Прагма продукција вчера за Телевизија 24 кратко рекоа дека сите протоколи биле почитувани, а за тоа имале и записник од инспекцијата.

За други прашања ни посочија да се обратиме писмено. Директорот Пауновски вели дека обврска на инспекторите во вакви ситуации е да го следат настанот до крај, а не да им веруваат на организаторите на она што ќе им го кажат или ветат.

Концертот на Петар Грашо се одржа во четвртокот, а веднаш по настанот, министерот за здравство Венко Филипче побара казни за организаторот, поради прекршувањето на протоколите за заштита од ковид-19.

Популарниот српски бенд Галија ќе одржи акустичен концерт во Хераклеа, Битола, на трети септември.

Концертот е насловен ,,Акустично како некогаш”, а ќе започне во 21 часот. Бендот ќе ги изведе старите хитови од богатиот репертоар, во акустичен формат, нешто кое го практикува за време на настаните уште од минатата година.

Влезниците се продаваат онлајн по цена од 500 денари, а на најавата за концертот е наведено дека генерален покровител е Општина Битола. Нема информација колку влезници ќе бидат пуштени во продажба.

Во античкиот театар Хераклеа во Битола пред четири дена се одржа концерт и на хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој се најде во центарот на вниманието на јавноста поради очигледното непочитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Над две илјади, наместо предвидените 600 посетители, турканици, гости без маски кои се журкаа како во времето пред корона вирусот, беа причина надлежните институции да реагираат, и против организаторот Прагма продукција е најавен соодветен поднесок од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Според надлежната служба, на почетокот на концертот на Грашо се почитувале препораките за заштита, додека по некое време од концерт, настанот се претворил во журка.

За да нема повторување на случајот со концертот на Петар Грашо, јавноста апелира на засилени контроли за време на музичките настани, кои неретко излегуваат од контрола и го загрозуваат јавното здравје.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.