Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Утре почнува со работа Паневропската комисија формирана поради Коронавирусот

Првиот состанок на Паневропската комисија за здравство и одржлив развој, свикана како одговор на кризата со Ковид-19, ќе се одржи утре за да го означи почетокот на својата работа, соопшти Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.

Регионалната канцеларија на СЗО за Европа ја свика оваа комисија за да ги преиспита политичките приоритети за време на пандемијата на коронавирусот.

Како што се наведува во соопштението, станува збор за високо позиционирано независно тело, формирано за да ги прегледа доказите и да се извлечат пораки на регионално ниво од тековната пандемија, како и да се донесат политички препораки во врска со здравствената и социјалната заштита.

По идентификувањето и разгледувањето на релевантните докази, Паневропската комисија за здравство и одржлив развој ќе даде препораки за тоа како да се реформираат политиките за предвидување, спречување и одговор на слични глобални или регионални закани во иднина.

На онлајн брифингот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, новинарите ќе бидат информирани во четврток за состанокот на регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, претседателот на комисијата Марио Монти и научниот координатор на комисијата Елиас Мосаилос.

најчитани вести

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација дека е запалено возило во близина на Олимпико во Скопје. На терен е присутна полицијата која го преусмерува...

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките...

Забава

Бил самец кој стареел и не очекувал дека ќе создаде семејство, но никогаш не се покајал ова што го направил. Џорџ Клуни во неодамнешно...