Славниот глумец Шон Конери денес го слави својот 90. роденден. Роден како Томас Шон Конери во Единбург Шкотска за многумина прва асоцијација е познатиот Џемс Бонд на кого тој и му вдахнал душа дамнешната 1962 година.
Конери глумел во многи култни филмови, како што се “Лов на Црвен октомври“, “Индијана Џонс“, “Робин Худ и принц лопов“ и многу други филмови. Награден е со Оскар за најдобар спореден глумец за улога во филмот “Нескршливи“, а дообитник е на два Златни глобуса и БАФТА награда. Освен тоа, добил титула “Најсекси маж“ кој ја доделува магазинот “People”, а интересно е што тогаш имал 59 години.
Се женел двапати со Дајана Силент со која има син и со Мишел Рокенбург, со која е сеуште во брак.
Пред да започне да се занимава со глума, работел разни работи, се занимавал со атлетика, бодибилдинг, а улогата на агентот 007 била создадена како за него.
Ја имал таа чест да го создаде ликот на прочуениот Џемс Бонд во филмот “Доктор Но“ каде што ја изговорил реченицата “My name is Bond, James Bond”, која ќе влезе во легенда.
Бонд играл дури седум пати, а после петото продолжение сакал да се покаже и во други жанрови во кои немал нешто помалку успех. Неговите улоги воглавно биле сериозни, тешки и секао забележливи.
Шон се повлекол од светот на глума во 2011 година и моментално живее на Бахами, и сега кога полни 90 години, овој глумец е голем шармер и џентламен.