Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Средношколците пред најавениот ПРОТЕСТ, на состанок на Комисијата за заразни болести

Утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Северна Македонија. На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. Она што беше пред сѐ предмет на дискусија е периодот на имплементација на одредени протоколи, за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите.

На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се заинтересирани за соработка со сите чинителии, заедничката комуникација продолжува и понатаму.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...