Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Спасеновски: Пет потпретседатели се премногу, БРОЈКАТА ИМА САМО ПОЛИТИЧКИ АРГУМЕНТ

Професорот на катедрата за Уставно право и политички систем при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Спасеновски проценува дека за мала земја како Македонија, бројот од пет потпретседатели на Собранието е преголем и нема никаква административна потреба од нивното постоење за работата на законодавниот дом.

Според Спасеновски, оваа бројка на потпретседатели не се совпаѓа ниту со потребата за рационализација на јавните работни места кај нас, почнувајќи од бројот на министри, па сè до пратениците.

Спасеновски смета дека прашањето на бројот на потпретседателите ја отвора големата дебата за рационализација на институциите, тргнувајќи од бројот на министрите во владата, преку бројот на пратениците сé до бројот на потпретседателите на собранието за што е потребен широк консензус рефлектиран, меѓу другото, и преку уставни измени.

Истовремено, професорот анализира дека историски гледано, секогаш кога мнозинството било предводено од СДСМ, бројот на потпретседателите во Собранието бил поголем. Првите два парламентарни состави и последниве два во кои Социјалдемократите го имаат мнозинството, имале по пет, наспроти периодот од 2006 до 2016, кога ВМРО-ДПМНЕ е владеачка партија, а бројот на потпретседателите беше три.

Според професорот Спасеновски, доколку се следат компаративните искуства, како и перформансите на минатиот собраниски состав кога, исто така имавме пет потпретседатели, може да се заклучи дека таа бројката е премногу висока, односно дека ваквата одлука може да има само политички, а не на други аргументи поврзани со потребата од подобрување на перформансите на Собранието.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...