Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов организираше фингирана јавна расправа за Универзална сала

Петре Шилегов денес организираше фингирана јавна расправа поврзана со Универзална сала. Поголемиот дел од учесниците беа луѓе блиски до власта или луѓе кои имаат придобивки од самата власт. Дотолку повеќе што на изрежираната јавна дебата беше практично монолог без спротивставени и различни мислења, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцираа од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

Неговиот став е променлив, од  ставот “Универзална сала не ја даваме”, до тоа неговата идеја е да е нова сала во Градскиот парк. Практично идејата на градскиот татко Шилегов е да гради концертна сала во срцето на градскиот парк со што дополнително ќе се уништи и зафати тој простор. И кога има вакви фикс идеи помалку штета за Шилегов е да не кажува ништо за градските работи. Прашањето е на што да му се верува на Шилегов, кога вели дека нема пари за реставрација на Универзалната сала или кога денес соопшти дека ќе има нова концертна сала. Добро е што Шилегов има идеи, лошото е што никој не консултира за тие идеи и што ќе се уништува градскиот парк, додаваат тие.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје бара Шилегов да изгради дефинитивен став за иднината на Универзална сала, да се спречи уништување на градскиот парк и да организира вистинска јавна дебата на која фелата и скопјани ќе може да се изјаснат.

најчитани вести

Македонија

После подолг период американската амбасадорка Кејт Мари Брнс се појави со интервју во македонските медиуми и тоа токму на Телевизија Телма, која минативе неколку...

Македонија

Откако гласноговорникот на антинато движењето во Македонија и еден од фронтмените на “Бојкотирам”, Љупчо Палевски повика војната на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да...

Македонија

Еден од ретките кои што профитираа од инцидентите на 27 Април, а веројатно и единствен во ВМРО-ДПМНЕ е Христијан Мицкоски. После немилиот настан следуваа...

Свет

Шејн Волтерс од Барнли ќе ги помине следните две години во затвор за сексуално злоставување на невини кокошки. Волтерс, инаку работник во супермаркет, доби...