Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ ИЛИ ПОКРАТКА РАБОТНА НЕДЕЛА – Еве како размислува Европа

Во последно време, се чини како никогаш досега, се зборува за кратење на работното време: без разлика дали ќе биде недела која ќе трае од понеделник до четврток, или работен ден кој ќе трае шест часа.

На ова пред се придонесе „ублажувањето“ на конвенционалните работни стандарди, како што е одењето во канцеларија, со оглед на тоа дека за време на пандемијата сфативме дека многу работи без никакви проблеми можат да се направат од дома, од дневната соба на вработениот..

Во Европа, но и во светот, во моментов има најмалку три струи кога станува збор за оваа тема. Ако ги исклучиме оние кои не се за кратење на работното време, кое обично трае 40 часа неделно во просек, тогаш остануваме со две групи: едната е за пократок работен ден, а другата за пократка работна недела.

На пример, Германците почнаа да се залагаат за идејата за четиридневна работна недела, со цел да имаат повеќе слободно време за себе и за нивните семејства. Аргументот е дека некои застарени деловни модели сè уште владеат во таа земја, кога мажите работеле и жените само се грижеле за куќата и децата.

Овој принцип е веќе присутен во многу европски земји, особено на северот. Во Холандија, практиката на  „кежуал петок“ трае веќе подолго време, кога работното време завршува малку порано, а пред крајот на напорната недела – на вработените им се служат храна и пијалоци кои што ги обезбедува компанијата.

Од друга страна, финската премиерка Сана Марин  продолжува да се залага за шестчасовен работен ден, иако наидува на отпор од четири други партии во коалициската влада.

– Мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да се движи кон пократко работно време, а вработените во Финска кон подобар работен живот – рече таа.

Ваквите иницијативи потекнуваат и од далечниот Нов Зеланд, а премиеРКАТА на таа земја, Јакинда Ардерн, особено ги потенцираше за време на пандемијата, кога беше неопходно да се опорави домашниот туризам. Имено, таа верува дека луѓето би патувале повеќе и БИ оставале пари во својата земја, доколку имаат продолжен викенд.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...