Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Прва држава која ЗАБРАНИ ПРОДАЖБА БРЗА ХРАНА НА ДЕЦА

Во обид да се намали широката распространетост на дебелината и дијабетесот, мексиканската држава Оахака забрани продажба на брза храна и пијалоци со шеќер на деца.

Оахака е прва земја што ја презеде оваа мерка во Мексико, која има една од највисоките стапки на детска дебелина во светот, пишува Би-Би-Си. Прекршувањето на овој закон се казнува со затвор и потенцијално затворање на компанијата.

Овој потег уследи откако бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Мексико достигна 50.000, што ги смести на трето место во светот по САД и Бразил.

– Важно е конечно да се стави кочнаца на оваа индустрија, која веќе ја зарази нашата земја и нашите деца, рече Магали Лопез Домингуез, пратеник во Оахака која го претстави законот.

Таа овој предлог го даде и пред една година, но рече дека пандемијата на „Ковид-19“ им дала на законодавците дополнителен притисок да ја ограничат продажбата на газирани пијалоци.

– Оваа здравствена вонредна состојба ја прави уште поочигледна штетата предизвикана од конзумирањето на овие пијалоци со шеќер, рече Лопез Домингез која додаде дека одобрувањето на законот е навремено.

Заменик-министерот за здравство на Мексико и епидемиолог, Хуго Лопез-Гател, го поздрави овој потег. Тој минатиот месец ги нарече шеќерните пијалоци отров во шишиња и ги повика луѓето да не ги пијат.

Кристијан Скуг, претставникот на УНИЦЕФ во Мексико, на Твитер го поздрави законот, велејќи дека ваквите мерки ги штитат правата на децата за квалитетна и безбедна храна.

најчитани вести

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Свет

Петнаесет азиско-пацифички земји формираа најголем трговски сојуз во светот. Тоа се случи под покровителство на Кина и без учество на Соединетите држави, кои ги...