Собирање на навивачи нема да биде дозволено
Полицијата во Тирана околу стадионот “Er Albanija” инсталира уреди кои ќе го реметат сигналот на мобилни телефони поради страв од дронови, јавува порталот Репортери.
Предходно порталот Панорама објавил дека ФК Тирана, плашејќи се од неочекувано случување на мечот со Црвена ѕвезда, ја известил полицијата дека има информација по кои “некои луѓе со дрон би можеле да истакнат политичка порака против Србија“.
“Страв кој за време на вечерашната утакмица помеѓу Тирана и Црвена ѕвезда може да се повтори сценариото со дрон од Белград пред шест години, ја принудило полицијата да интервенира и блокира сигнали по мобилни телефони“, наведува Репортери.
Собирање на навивачи не е дозволено, додека вчера полицијата најавила блокада на улуците во близина на стадионот.
Мечот на второто коло за квалификација за ЛШ во која се сретнуваат Тирана и Црвена ѕвезда се игра вечерва во 20 часот.