10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Одбиена жалбата на опозицијата во Белорусија

Врховниот суд во Белорусија одби да покрене постапка по жалба на бившите претседателски кандидати Андреј Дмитријев и Светлана Тихановскаја за резултатите на претседателските избори кои ги објави државната изборна комисија.

Врховниот суд на Белорусија образложи дека не е надлежен да постапува по вакви барања.

За потсетување според резултатите на државната изборна комисија на Белорусија, на изборите победи актуелниот претседател Александар Лукашенко со 80,1 посто освоени гласови.

Опозицијата не ги призна резултатите и смета дека победник е Светлана Тихановскаја. Резултатите од изборите предизвикаа масовни протести во Белорусија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести