Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси и дефинитивно ја напушта Барселона, каде е од самиот почеток на кариерата и каде ги освои сите можни успеси. Потврдата стигна од првиот човек на каталонскиот клуб, Жозеп Бартомеу, пренесуваат шпанските медиуми.
Фудбалерот доставил барање по пошта во кое информира дека негова желба е да ја напушти Барселона, но клубот нема да се откаже така лесно. Бартомеу наводно вечерва свикал итен состанок на Бордот со намера да вложи напори да го убеди да остане.
Беше објавено дека играчот одлучил да ја искористи опцијата во договорот, што му овозможува да го раскине истиот еднострано на крајот на секоја сезона.
33-годишниот Меси е икона на каталонскиот тим, па доколку се случи да замине тоа ќе биде голем удар за клубот и за претседателот кој ќе остане запаметен како човек во чија ера една од иконите на клубот решила да си замине.
Потврда стигна и од поаранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол кој на Твитер напиша дека ја почитува одлуката на Меси и целосно го поддржува