9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Заев си поднесе оставка од функцијата пратеник

Мандатарот за состав на новата Влада Зоран Заев си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието попладнево ја констатира оставката од пратеничката функција на лидерот на СДСМ.

Претседателот на Парламентот Талат Џаферија кажа дека Заев нема да ја образложи оставката и ја прекина седницата се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК кој треба да му издаде уверение за пратеник на следниот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, кој што ќе дојде на местото на Заев.

По добивањето на уверението од ДИК, седницата ќе продолжи со верификација на мандатот на новиот пратеник.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести