Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Елена Ристеска: Некогаш не сум сигурна дали е мое дете или на сестра ми

Елена Ристеска е македонска пејачка и текстописец на популарна музика. Претставник е на Македонија на изборот на песна за Евровизија за 2006 со песната „Нинанајна“ на Дарко Димитров и Раде Врчаковски.

Елена Ристеска е родена како второ дете во домот на Деса и Ацко Ристески. Таа уште во своите рани години покажала интерес кон музиката и уметноста. Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови.

Подоцна се приклучува кон КУД „Кочо Рацин“ во одделот за народни ора и танци. Со ова културно уметничко друштво гостува во неколку европски земји.

Во 1996 година таа започнува и да пее во училишниот хор. Нејзиното меѓународно претставуваше со хорот било во Бугарија. Во 1998 година таа започнала и со цртање и при тоа се здобила со повеќе награди. Во 2000 година заедно со играорната дружина била на турнеја во Бугарија, Чешка и Турција.

Елена официјално позната на Македонската публика и стана со победата на музичкото- реалити шоу – Play- потрага по ѕвезда. Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“. Албумот вклучува неколку песни кои исто така станубаат успешни хитови во Македонија и соседните земји.

Ристеска освен како пејач се покажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов, Верица Пандиловска и др.

Внуката на Елена Ристеска, Делфина, наполни шест години, а по тој повод ѝ беше организирана роднеднска забава за најблиските. Се разбира, не изостана ни убавата и вкусна роденденска торта, како и роденденската честитка од гордата тета, која објави емотивна порака на својот инстаграм-профил:

Најхрабриот лав што го знам, се бори како лавица откако се роди. Најслаткото дете што сум го запознала, како да излегла од цртан филм.

Понекогаш се запрашувам дали зборувам со дете или со возрасен – толку е паметна. Некогаш не сум сигурна дали е мое дете или на сестра ми – како јас да сум ја родила, толку многу ја сакам – како свое дете.

И без разлика колку деца ќе ми даде Бог во иднина, таа секогаш ќе биде моето прво дете. Те сакам, Делфина. Единствената причина поради која останувам овде си ти.“

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...