Еден починат и двајца новозаболени од коронавирусот се регистрирани во Тиквешко во изминатите 24 часа.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје за МИА истакна дека 69-годишен неготинец починал на клиниката „8 Септември” во Скопје. Таму бил поради други здравствени проблеми, но бил и позитивен на Ковид-19.
Новозаболените се жена од 29 години од Неготино и маж на 40 годишна возраст од Кавадарци. Двајцата имале лесна клиничка слика и биле на домашно лекување, не знаеле од каде се заразиле. Се работи на нивните контакти, со цел нивна изолација.