Веќе е јасно дека Луис Суарез во овој преоден рок ќе го нашушти тимот на Барселона, откако новиот стратег Куман му даде до знаење дека нема да смета на него.
На адресата на уругвајскиот фудбалер стигнаа бројни понуди. Суарез не сака да се откаже од добрата плата која ја зема, но би можел да се замине од Барселона со добар раскин на договорот.
Во моментов најзаинтересиран тим за неговите услуги е Ајакс. Челниците на неговиот некогашн тим го контактираа Суарез и му понудија плата од три милиони евра годишно. Иако оваа сума е далеку од онаа која ја зема во редовите на каталонскиот гигант, сепак има шанси да ја прифати понудата.
Останува да видиме дали Суарез ќе ја одбере оваа опција или пак некоја друга…