Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Алушовски: Стоилов ќе ни недостига многу, зашто е важна алка во нападот

Македонскиот репрезентативен пикер и иконата на Вардар, Столе Стоилов е заразен од коронавирус, откри тренерот на црвено-црните Стевче Алушовски, четири дена пред дуелот со Нексе во четвртфиналето во СЕХА-лигата. Новиот вирус се појави во таборот на актуелниот европски првак и шампион во регионалното натпреварување, па Алушовски обелодени дека капитенот на црвено-црните е заразениот, што е голем хендикеп за мечот со Нексе, зашто Стоилов е многу важна алка во нападот на тимот.

„Стоилов ќе ни недостига многу, зашто е важна алка во нападот, а тој дел од екипата засега ни е најслаб“, вели Алушовски.

Вардарци ги очекуваат резултатите од тестирањето после појавата на коронавирус и се надеваат дека сите останати играчи се негативни за да ги продолжат подготовките за пресметката преку која посакуваат фајнлфор и шанса да го бранат трофејот во Задар на завршниот турнир закажан за идната недела.

„Се надевам дека сите ќе бидеме здрави, ги чекаме резултатите. Прво тоа, па сѐ друго“, додава Алушовски.

Поразите во подготвителните мечеви не го загрижуваат Алушовски, кој пред Нексе посочува дека тимот е подобар од меч во меч, но дека треба време после создавањето на новиот тим да се воигра екипата, а новите ракометари да ги научат акциите и играта да добие на течност

„Недостатокот на Стоилов ќе биде голем, најмногу за нападот, зашто имаме многу нови ракометари, на кои им треба време додека ги научат акциите и додека играта добие на течност. Има уште неколку што се жалат на помали повреди, кои не играа ни сега со Еурофарм Пелистер и Металург како Дисингер, Јотиќ, Георгиевски, но не е ништо сериозно за да не играат со Нексе. Сметам дека сме подобри од меч во меч, без оглед на поразите во пријателските мечеви. Нексе имаше одлични подготовки и секако дека ќе сакаат да го искористат моментот во целата оваа ситуација“, додава Алушовски.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...