Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Што прават сектите на Балканот: РИТУАЛИТЕ СЕ МОРБИДНИ, СЕ ПИЕ КРВ…

Димитрије Пастуновиќ, познат српски сектолог, поминал добар дел од својот живот проучувајќи ја подложноста на областите кои се склони кон развој на секта, како и проучување на нивните ритуали.

Тој зборува за опасноста што ја носат сектите, за тоа како да се држите настрана од нив, каде делуваат и како изгледаат нивните ритуали.

„Секташките ритуали се далеку од она што е обично и разбирливо за обичните луѓе и се еден вид опишување на изопачениот ум, од конзумирање натопени колачи и леб во крвта од животни, преку спиење во гробови, проституција, убиство и самоубиство до оргиии, членовите на сектата не отстапуваат од ништо, водени од принципот на спротивставување на сè што е христијанско“ – вака сектологот ја започнува приказната.

Ова е особено карактеристично за најопасната секта во нашата земја и во светот, позната како „Црна ружа“.

„Присуствував на нивните ритуали неколку пати и наидов на црни миси. Мисата започнува главно на скриени места или гробници подготвени за утрешниот погреб. Тие се собираат, а бидејќи ги мрзи да месеат леб, купуваат некакви мали поачи, кои подоцна ги впиваат во крвта на зајакот или некое друго животно. Сето тоа се случува со употреба на наркотици и завршува со оргии. Новиот член кој е инициран, мора да исполни еден од условите, а тоа е да спие во гробница, којашто е подготвена за утрешниот погреб“ – посочува тој.

Ги извлекував од гробовите. Едноставно е неверојатно каква е таа глетка и колку се вознемирени. Најдов и деца на возраст од 14-15 години!

Едукацијата за присуство на секта во нашето подрачје е минимална, а Пастовиќ предупредува дека недостигот на едукација за опасноста и деструктивноста на секта во Србија е причината зошто тие се третираат со лековерност и незнаење.

„Мислам дека државата мора посериозно да реагира во борбата против сектите. Проблемот е во тоа што повеќето секти не се нарекуваат така, но им е даден статус на верска заедница и бараат исти права како, да речеме, христијанството. Важно е да се напомене дека христијанството не го прави она што тие им го прават на луѓето. Родителите исто така треба да играат клучна улога во едукацијата за проблемот“, истакнува Пастуловиќ.

Тој тврди дека „Црната ружа“ е најопасната секта и кај нас и во светот, дека потекнува од црквата на сатаната Антон Сандор ла Веја и дека е поврзана со ритуални убиства и самоубиства во нашиот регион. Како што вели тој, сите нејзини членови претежно завршуваат трагично, убивајќи се меѓусебно или самоубивајќи се.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...