Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Четири познати самоубства ПОД ГОЛЕМА МИСТЕРИЈА – ДАЛИ ЗНАЕЈА ПРЕМНОГУ?!

Тим Берлинг, Крис Корнел, Честер Бенингтон и Ентони Бордејн. Навидум толку многу различни луѓе, и толку слични и луѓе кои ги поврзува една работа – самоубиство.

Тим Берлинг беше шведски диџеј и музички продуцент познат под псевдонимот Авичи, тој имаше само 29 години и беше пронајден мртов во хотелска соба.

Честер Бенингтон. фронтмен и пејач на групата „Линкин парк“, се самоубил со тоа што се обесил во својата куќа во Калифорнија. Датумот на неговата смрт има друга морничава симболика. Имено, Честер се обеси на роденденот на неговиот близок пријател Крис Корнел, а гитаристот на рок-групите „Саундгарден“ и „Аудиосилејв“, кој исто така се самоубил со тоа што се обесил во хотелска соба во мај истата година после концерт.

Добро познатиот американски телевизиски автор и готвач Ентони Бордејн исто така беше пронајден мртов во хотелска соба истата година. Причината за смртта е повторно самоубиство.

Некои би рекле случајност, додека други тврдат дека има многу посериозна позадина зад овие настани.

Покрај начинот на кој се самоубиле, четворицата од нив имаат уште едно заедничко нешто. Желбата за подобро утре, создавање подобар свет и соработка на документарниот филм „Тивки деца“.

Групата „Анонимус“ еднаш даде изјава за медиумите дека неколку уметници кои наводно извршиле самоубиство биле всушност убиени затоа што сакале да изложат заговори за трговија со деца кои, наводно, имале врски со педофилната мрежа на бизнисменот Џефри Епстајн.

Тие тврдат дека поседувале компромитирачки документи, што ќе покажеле дека овие уметници биле „замолчени“ од мафијаши кои се обиделе да ги сокријат своите злосторства. Покрај тоа, тие посочуваат дека самиот Авичи веќе бил на работ да открие доверливи информации што ги знаел за овие злосторства преку видео за песната „За подобар живот“, во кое се појавува со една млада жена посветена на „правда“ против неколку мажи кои малтретираат малолетни лица.

„Тивки деца“ е долгометражен документарен филм со впечатлива тема што ги води гледачите длабоко во светот на вистината и реалноста. Овој филм ја открива вистинската слика за сексуалноста на децата, експлоатацијата и трговијата со луѓе и се шири преку истражувачко новинарство преку кое се презентирани досега непознати факти.

Филмот е направен со намера да влијае на светот во кој живееме, како и да привлече внимание на горливите теми на кои сите гледаме слепи. Документарецот беше снимен на различни локации, а теренските тимови покажаа разни проблеми со кои се соочуваат луѓето во врска со оваа хуманитарна криза.

Во морето на документарци, дури и овој не би привлекол посебно внимание на јавноста, ако не се случило нешто необично.

Имено, четворицата работеа на овој документарец и беа дел од него на некој начин. Овој проект, чии основачи се Лерој Мор (Дејв Метјус Бенд) и неговата вереница Лиза Бин, беше запрен по смртта на Крис во 2017 година.

Авичи навести еден дел од видеото, Ентони всушност беше сведок на некои работи што беа активирањето за неговото „самоубиство“. Крис и Честер беа блиски пријатели кои исто така соработуваа на оваа тема. И сите четворица сакаа да ги изложат проблемите и сите завршија катастрофално затоа што знаеја премногу, или полошо … затоа што сакаа да кажат повеќе на некој што јавноста се осмели да знае, велат Анонимус

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...