Лос Анџелес Лејкерс вечерва против Портланд ќе играат со посебни дресови посветени на легендата, Коби Брајант. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, животот го загуби во јануари во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џиџи и уште седум особи.
Денешниот ден има големо значење (24.08) се бројките кои Коби ги носеше во текот на неговата кариера, Лејкерси ќе заиграат токму во новите дресови.

Црните дресови за „Црната мамба“ треба да бидат дополнителен мотив за Џејмс, Дејвис и соиграчите да го добијат Портланд и да се најдат на победа до следната рунда во плеј-офот.