Дефинитивно Каи Хаверц ќе биде дел од тимот на Челзи. Двата клуба со месеци се на преговарачка маса, и конечно се дојде до заедничко решение.
Офанзивецот ќе биде платен 80 милиони евра во моментов, но Баер Леверкузен ќе ги добие останатите дваесет милиони од посакуваната цифра, преку разни бонуси кои Хаверц евентуално ќе ги исполни.
Првите десет милиони се лесно остварливи, а тоа е Хаверц и Челзи во следните пет години да бидат дел од Лигата на Шампионие, а вторите се малку под знак прашалник, затоа се однесуваат на евентуаните трофеи, во ЛШ, Премиер лигата и ФА купот.
Хаверц се договори за годишна плата од десет милиони евра за пет годишен договор.