Се уште актуелниот светски рекордер на 100 и 200 метри, пензионираниот спринтер Усаин Болт е позитивен на коронавирусот.
Болт пред неколку дена се тестирал за Ковид-19 и вчера го добил позитивниот резултат.
Пензионираниот спринтер треба да помине две недели во изолација додека се опоравува од вирусот. Засега не е познато дали тој има изразени симптоми, но информациите велат дека вирусот го „закачил“ на својот 34-ти роденден на кој присуствувале неколку негови пријатели како фудбалерот на Манчестер Сити, Стерлинг, и фудбалерот на Баер (Л), Лион Бејли, кои исто така ќе мора да се тестираат.