Поранешниот српски борач и член на клубот Пролетер, Војислав Матиќ се нашол во центарот на вниманието заради својот несекојдневен и херојски подвиг. Настанот се случил во Зрењанин, минатата недела, и тоа откако тој тргнал да му помогне на семејството кое не знаело што им се случува со детето кое патем било само во станот и заклучено од внатре.
Вниманието на Матиќ кој случајно се нашол на местото му го привлекла група луѓе кои биле видно вознемирени.
– Бабата и дедото на девојче станот го напуштиле на само неколку минути, а тоа во меѓувреме заспало читајќи книга. Немаше како да влезе освен да се прекачам преку громобранот“, рекол Матиќ и додал дека кога влегол во станот видел дека малечката спие.
-Три пати гласно викнав, а таа не се ни помрдна. За момент се стресов, но излезе дека само цврсто спиела. И тоа е тоа, среќен крај, заклучил бившиот шампион во борење.