Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ЛУКАШЕНКО ПОД ОРУЖЈЕ И ВО ПАНИКА, во обезбедувањето е и неговиот син

Вооружени припадници на белоруските безбедносни сили и тенкови се распоредени пред Палатата на независноста во Минск, каде во моментот се наоѓа и претседателот Александар Лукашенко кој се движи со автоматска пушка во рацете. Меѓу неговото обезбедување е и неговиот син, вооружен со автомтско оружје и во целосна полициска униформа

Според дел од белоруските медиуми, хеликоптер слета на територијата на Палатата. Се претпоставува дека со хеликоптерот ќе биде евакуиран Лукашенко. Ангажирани се и снајперисти.

Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.

Во меѓувреме формиран е „Синџир на слободата“ долг 30 километри од главниот град на Литванија, Вилнус до границата со Белорусија. На демонстрантите им се придружи и поранешната литванска претседателка Далија Грибускајте. 

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...