Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ДАЛИ ПОПУШТИЈА ЧАИР И САРАЈ, Ахмети не ги менува предлозите за министри?

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, потврдил дека нема промени во листата со предлози за министерски места и дека експертските тимови на СДСМ и ДУИ денеска го завршиле усогласувањето на предизборните програми на обете партии за спојување во заедничка владина програма.

Тој во изјава за Телевизија Клан изјави дека дебатите, што во јавноста се квалификуваат како незадоволство во партијата од ограноците од Сарај и Чаир поради предложените партиски кадри за министри, според него се дел од „функционирањето на внатрешната партиска демократија“.

Според него, кандидати за министри на ДУИ остануваат: Фатмир Бесими, Бујар Османи, Артан Груби, Насер Нуредини, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири.

Телевизијата, исто така, објави дека дознава оти експертските тимови од коалицијата „Можеме“ предводени од СДСМ и од редовите на ДУИ практично ја усогласиле владината програма.

Веќе подолго време во јавноста се говори за несогласувања во ДУИ околу предложените кандидати за министри, а тие се најизразени кај партиските ограноци на ДУИ во Чаир и во Сарај. Со тоа во прашање се гласовите за поддршка на новата Влада на Изет Меџити и уште една пратеничка од Чаир, како и гласот на Арбен Зибери од огранокот во Сарај.

Со договорот за коалицирање меѓу лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, парламентарното мнозинство треба да брои 62 пратеници, а за избор на владиниот состав се потребни најмалку 61 глас во Собранието.

Лидерот на СДСМ и мандатар за составување на влада Зоран Заев денеска изјави дека предлогот за новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието.

Последен рок за доставување на новиот министерски список во Собранието е 2 септември.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...