Американската фармацевтска компанија „Moderna“ денес објави дека доставила барање до американските власти за добивање на целосно одобрување за употреба на нејзината вакцина против COVID-19, која во моментов е одобрена само за итна употреба.
Овој развој доаѓа неколку недели откако ривалските компании „Pfizer“ и нејзиниот германски партнер „BioNTech“ побараа целосно одобрување за вакцината против COVID-19 во САД, потсетува Ројтерс.