10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Johnson & Johnson во 2021 година заработи 3,5 милијарди долари само од вакцината

Поради доцнење во испораките и нерамномерната побарувачка, приходот на J&J од вакцината против Ковид минатата година бил 2,39 милијарди долари, што е помалку од планираните 2,5 милијарди долари.

Вкупните приходи на компанијата се зголемиле за 13,6 отсто минатата година, на 93,8 милијарди долари. Без купопродажбата на имот, зголемен е за 12,8 отсто.

Приходите од продажбата на лекот за рак Imbruvica, создаден во соработка со AbbVie, се зголемиле за 5,8 отсто, на 4,36 милијарди долари. Лекот за Кронова болест Стелар им донел приход од 9,13 милијарди долари, 18,5 отсто повеќе отколку во 2020 година.

Нето добивката се зголемила за 42 отсто во 2021 година на 20,9 милијарди долари.

Уделот на вакцината во вкупниот приход се очекува да биде мал бидејќи J&J ја продава по цена што не гарантира огромен профит.

Конкурентот Pfizer проценил дека вакцината му донела приход од 37 милијарди долари минатата година, а во Модерна треба да се мери во милијарди долари.

J&J моментално работи на одвојување на Одделот за здравје на потрошувачите и планира да се фокусира на бизнисот со медицински уреди и фармацевтски производи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести